
Мисија:
Изведува противвоздушна одбрана на елементи од борбениот распоред на единиците и командите на Армијата, објекти од посебно значење за одбраната на Републиката на мали височини во заштита и одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката.
Задачи:
- Планирање и организирање
- Употреба
- Планирање и спроведување на обука и вежби
- Планирање и спроведување на персонален менаџмент
- Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите
- Логистичка поддршка
- Организирање и подготовка на КИС
- Планирање на финансиски средства
Капетан Дениз Мехмед
Капетан Дениз Мехмед е роден на 08.12.1990 година во Скопје. По завршувањето на основното и средното образование во Скопје, продолжува со воено образование на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје. Воената кариера ја започнува како офицер од родот АРЕ за ПВО. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски должности на ниво вод, а од 03.03.2022 година е поставен за командир на батерија за противвоздушна одбрана. Има завршено повеќе курсеви: Основен курс по турски јазик, Курс за оспособување и ракување со ЛПРС Игла во Република Словенија и Курс за стручно оспособување и усовршување на командири на чети. Има завршено и Специјализација за командни и штабни должности во учебната 2023/2024 година. Учествувал на повеќе воени вежби во Републиката. Повеќе пати е наградуван и пофалуван меѓу кои позначајни се наградното отсуство од МО од 2022 и 2024 година и Бронзена значка на Армијата во 2023 година. Активно го користи англискиот јазик. Капетан Дениз Мехмед е оженет и татко на две деца.
Претходни должности:
- Командир на 2. ракетен вод во 2. ракетна батерија во Баталјон за ПВО 2015-2017;
- Командир на 1. ракетен вод во 2. ракетна батерија во Баталјон за ПВО 2017-2020;
- Командир на 1 вод за противвоздушна одбрана во батерија за ПВО 2020-2022.
Унапредувања:
Потпоручник 2015-2017;
Поручник 2017-2021;
Капетан 2021.

1992 година
- Првиот работен ден на полкот започнал на 6 април 1992 година во касарната Петровец со одржување на првиот состанок на старешините од полкот. Приемот стартувал на 15 април 1992 година, кога во полкот пристигнал и првиот војник. Истиот месец започнала и обука на војниците. Првата генерација војници на ПВО ја дале свечената заклетва на 9 мај 1992 година во касарната „Илинден“ во Скопје.
- Првото гаѓање цели на земја со употреба на Артилериско ракетната единица (АРЕ) ПВО реализирано е на 16 јуни 1992 година на полигонот Криволак, со користење на противавионски топ ПАТ 20/3 мм. Подоцна во декември 1992 година е извршено уште едно гаѓање цели на земја со противавионските топови ПАТ 20/3 мм и ПАТ 40 мм.
2001 година
- Во 2001 година единицата беше опремена со современи средства, со цел зајакнување на противвоздушната одбрана. Беа набавени ракетните системи за ПВО од типот „Стрела-10М“ и „Игла“, а следствено беше реализиран курс за ракување со овие ракетни системи.
- Во втората половина на 2001 година, единицата е трансформирана од полк ПВО во 3.баталјон ПВО.
2004 година
- Во текот на 2004 година за прв пат во историјата на Армијата на Република Македонија беше организирано и изведено гаѓање на цели во воздух (т.н. „падобранци“) со противавионски топ од типот ПАТ 20/3 мм.
2005 година
- Повторна трансформација на единицата се случува во текот на 2005 година со што 3.бнПВО е трансформиран во баталјон ПВО.
2007 година
- Во 2007 година, согласно партнерските цели изработен е предлог план за формирање деклариран вод за ПВО. Со отпочнување на подготовките за вежбата „Македонски Блесок 07“, официјално беа одобрени сите документи за водот.
2008 година
- Како резултат на соработката со вооружените сили на Република Словенија, во текот на 2008 година беше организирано стационарно логорување и за првпат реализирана вежбата „Предизвик 08“. Круна на успешно завршената обука беше реализација на техничко гаѓање на цели во ВоП со ЛПРС „Игла“ на АП „Криволак“. Така на ден 12.09.2008 година беше лансирана и првата ракета во ВоП од страна на припадник на АРМ од формирањето на Армијата на Република Македонија.
2009 година
- Во периодот од 4 до 13 септември 2009 година беше реализирано стационарно логорување со боево гаѓање со ЛПРС „Игла“ на армискиот полигон Криволак со припадници од Армијата на Република Словенија. Во рамките на билатералната вежба „Предизвик 09“, припадниците на Баталјонот за противвиоздушна одбрана извршија боево гаѓање.
2011 година
- Припадниците на Баталјонот за противвоздушна одбрана и припадниците на летачките сквадрони во вВИНГ, заедно со припадниците на Вооружените сили на Република Словенија, во текот на септември 2011 година, учествуваа на билатералната воена вежба „Предизвик 2011“. Вооружените сили на двете држави ја прикажаа својата обученост со: гаѓање цели во воздушниот простор со лесен преносен ракетен систем „Игла“, бомбардирање со борбените авиони „Pilatus-PC-9М“ и ракетирање со борбените хеликоптери Ми-24.
2012 година
- Во период од 21 до 28 септември 2012 година, на армискиот полигон Криволак, се реализираше билатералната вежба „Предизвик 2012“. Достојна за почит, вежбата „Предизвик 2012“ беше петта по ред од ваков вид која на АП „Криволак“ заедно ја изведуваат припадници на Армијата на Република Македонија (баталјонот ПВО од воздухопловната бригада – бПВО) и вооружените сили на Република Словенија (9.баталјон ПВО). На вежбата се реализира боеви гаѓања на цели во воздушниот простор со Лесен преносен ракетен систем (ЛПРС) „ИГЛА“.
2022-2025 година
- Во согласност со модернизацијата на Армијата во 2022 година е потпишан договор за набавка на „МИСТРАЛ 3“ систем кој треба да пристигне во бПВО во текот на 2025 година.







