Врз основа на годишниот календар за обука во ЛБ за 2024 година на ден 4 јуни, припадници од Логистичка база реализираа командантско извидување на правецот Скопје кон поширокиот реон на Велес и Чашка.
Целта беше извидувањето на просторот и на неговите воено-географски карактеристики преку проучување на земјиштето и согледување на можностите за употреба и ангажирање на единиците на ЛБ, организација на логистичката поддршка на командите и единиците на Армијата и начинот на содејство и координација со останатите субјекти во овој реон.