Во Регионалниот Медицински Тренинг Центар (РМТЦ) при Воено медицински центар (ВМЦ), во период од 22.10-30.10.2025 година се одржа „Курс за тактичко згрижување на повредени и заболени“.
Курсот беше организиран и реализиран со поддршка од инструктори од Вооружените сили на Швајцарската Конфедерација, а покрај припадниците на Армијата на курсот учествуваа и припадници на Балканските Медицински Наменски Сили (БМНС). Истовремено се одржа „Инструкторски курс за Автоматски надворешен дефибрилатор“ за инструкторите од РМТЦ, ИРб и бСН под раководство на инструктори од Швајцарската Конфедерација.
Во текот на активностите, на ден 23.10.2025 година беше реализирана посета од Амбасадорот Кристоф Сомер и неговата заменичка, швајцарското одбранбено аташе полковник Рето Рутш, како и началникот на Оддел за едукација во SWISSINT потполковник Фабрис Дубосон. При посетата беше нагласена важноста од зајакнување на тековната соработка во понатамошно унапредување на медицинската способност на Балканот.
Целокупната обука во текот на курсевите се одвиваше во просториите и кругот на ВМЦ. Покрај теоретските предавања, беа реализирани практични увежбувања на вештините симулирани и приближени до реални сценарија, како и завршна вежба со тактично сценарио на терористички упад во воен објект. Наставата беше посетена од началникот на медицинското одделение во Ј-4/ГШ потполковник Ирина Блажевска, која ја нагласи корисноста од изведувањето на здружени медицински курсеви.
Учесниците на курсот се стекнаа со интернационално признаен сертификат, верифициран од NAEMT. При доделувањето на сертификати, командантот на БМНС, полковник Велјко Милиќ изрази задоволство и благодарност за досегашните активности на Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Швајцарската Конфедерација во реализација на обуки за медицинските лица од БМНС.










