Во Одделот за медицинска обука при Военомедицинскиот центар, на 15 и 16 октомври, се реализираше „Обука за прва медицинска помош“ за припадниците на SEEBRIG. За време на обуката се обработија следните наставни содржини: запирање на обилно крварење и повреди од нагазни мини, прострелни и устрелни рани, имобилизација на екстремитети, имобилизација на врат и ‘рбетен столб, како и срцево-белодробно оживување и употреба на автоматски надворешен дефибрилатор. Заинтересираноста и активното работење за време на обуката ја потврдува потребата од соработка со SEEBRIG на полето на военомедицинска обука, која продолжува да се спроведува во континуитет секоја година.