Во Одделот за медицинска обука при Военомедицинскиот центар (ВМЦ) во период од 12 до 23 мај се реализираше „Основен курс за животоспасувачи“. Учество на курсот зедоа припадници од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Наставата на курсот се изведуваше преку теоретска настава и низ практично извежбување на содржините. Слушателите успешно ги совладаа постапките за спроведување на животоспасувачки мерки и постапките при предболничко згрижување на повредени и заболени. Стекнатите знаења, вештини и техники се значајни за учесниците во рамките на нивната поставеност во матичните единици, нивниот професионален развој, како и за унапредување на личните способности. На доделувањето на сертификатите присуствуваше командантот на ВМЦ, полковник Елизабета Н. Петрески, при што ја искористи можноста да се заблагодари за укажаната доверба и континуираната соработка со Министерството за внатрешни работи.