Асоцијацијата на воени аташеи во Република Северна Македонија, во склоп на редовните и годишни плански активности врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана, во текот на денешниот ден во посета на единиците стационирани во касарната „Илинден“ – Скопје, престојуваа акредитираните одбранбени аташеи во Република Северна Македонија.
Одбранбените аташеи при посетата на Логистичката База се запознаа со мисијата, задачите, историјата, обуката која се изведува, опремата и капацитетите на единицата согласно новата структура на единицата.
Аташеите за време на посетата се запознаа со оружјето и опремата на дел од единиците лоцирани во касарната, изложени на техничкиот збор, а од страна на припадниците на баталјонот за специјални сили се прикажа обученоста и извежбаноста, преку методско-показна вежба.
ЗВ/ЛС