Со воена свеченост во касарната „Илинден“ се изврши примопредавање на должноста командант на Баталјонот за логистичка поддршка од составот на Логистичката база. На свеченоста присуствуваше командантот на Логистичка база, полковник Мухарем Мухареми и командантите на потчинетите единици.
Должноста командант на Баталјонот за логистичка поддршка ја прими потполковник Насри Али од досегашниот командант, потполковник Меџаит Мемеди.
Со церемонија на примопредавање на военото знаме на единицата се изврши и официјално прием на должноста командант на Баталјонот за логистичка поддршка.








