По повод петгодишнината од влезот на Армијата во НАТО, припадниците на Логистичката база, денеска реализираа хуманитарна акција преку донација на основни животни продукти – донирање на храна и хигиенски средства.
Собраните средства од хуманитарната акција беа предадени на претставниците од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.