Според план календарот за обука на Командата на Техничкиот ремонтен центар, клучниот персонал од командата и штабот реализираа командантско извидување во зоната на одговорност во западниот дел од земјата, односно во поширокиот реон на општините Македонски Брод, Кичево и Гостивар.
Целта на командантското извидување беше да се извиди просторот како дел од обуката за тактичко планирање, согледување на воено-топографските и географски карактеристики на теренот, организација на логистичка поддршка, како и начинот на содејство и координација со цивилните структури на централниот стратегиски правец.