Како резултат на одличната цивилно-воена соработка со институциите од локалната самоуправа, припадниците на Логистичка база добија покана од страна на Домот за деца без родители „11 Октомври“ да присуствуваат на настанот организиран за матурантите од домот. Припадниците на Логистичка база подарија пригодни подароци, со кои ги израдуваа матурантите.
Ова е уште еден доказ за заложбите на припадниците на Армијата за поддршка на институциите и промовирање на хуманите вредности.