Мисија:
Планира, организира и изведува специјални операции со цел заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката.
Задачи:
- Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на специјални операции со цел уништување или онеспособување на непријателски цели и објекти;
- Одржување на способност за организирање, обучување, советување и пружање на помош за стабилизација и за поддршка на мирот во состав и/или предводени од меѓународно договорени сојузи надвор од Републиката;
- Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на операции за поддршка на државните институции во услови на елементарни непогоди.
потполковник Ѓорѓи Вељовски
Дата на раѓање:
11.04.1977 година во Скопје, Република Македонија.
Воено образование:
- Воена Академија, РМ, 1995-1999 година;
- Курс за специјални единици, САД, 2002 година;
- Курс за инструктор по алпинизам, РМ, 2003 година;
- Курс за падобранец-раководител на скокови, Грција, 2004 година;
- Курс за копнено-воздушни операции, Холандија, 2007 година;
- Командно-штабна Академија, САД, 2010 година;
- Школа за напредни воени студии, САД, 2011 година.
Друго образование:
- Д-р во општествени науки од областа на национална и меѓународна безбедност и меѓународни односи, Воена Академија, РМ, 2018 година;
- М-р по политички науки, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања Скопје, РМ, 2004-2007 година;
- М-р по воени науки и вештини, Командно-штабен колеџ на КоВ, САД;
- М-р по воени науки и вештини, Школа за напредни воени студии на КоВ, САД.
Воена кариера:
- Командир на механизиран вод, окб, 1999-2000 година;
- Командир на диверзантски тим, бСН, 2000-2002 година;
- Командир на инструкторски тим, бСН, 2003 година;
- Командир на противтерористичка чета, бСН, 2003-2004 година;
- Офицер за специјални операции, бСН, 2005 година;
- Офицер за операции, пСО, 2006-2015 година;
- Офицер за стратегија и планирање, пСО, 2015-2018 година;
- Командант на баталјон за специјални намени, 2018 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 1999 година;
- Поручник 2000 година;
- Капетан 2001 година;
- Мајор 2007 година;
- Потполковник 2013 година.
Мисии и вежби
- „Слобода за Ирак“, 2006 година;
- НАТО оценување Ниво 1, Криволак, РМ, 2008 година;
- НАТО самооценување Ниво 2, Криволак, РМ, 2009 година;
- CJSOTF B-9 „Wise Wolf“, Криволак, РМ, 2012 година;
- NATO „Allied Spirit VI“, Хохенфелс, Германија, 2017 година.
Постигнати успеси во кариерата:
- Пофалница од МО, 2001 година;
- Пофалница од Премиер на РМ, 2001 година;
- Пофалница од командант, 2003 година;
- Голема плакета од МО, 2006 година;
- Мала плакета од ГШ, 2006 година;
- Парична награда од МО, 2007 година;
- Средна плакета од МО, 2007 година;
- ARCOM одликување од САД, 2007 година;
- Германски златен беџ за воена способност, 2011 година;
- Бронзена значка на АРМ, 2013 година;
- Пофалница од командант, 2013 година;
- Пофалница од командант, 2014 година;
- Пофалница од НГШ, 2015 година;
- Парична награда од МО, 2018 година.
Странски јазици:
- Англиски СТАНАГ 3333;
- Француски СТАНАГ 2222.
Семеен статус:
Оженет, татко на две деца.
Хоби:
- Маратонско трчање;
- Макетарство.
На 1-ви Март 1994 година за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални Намени (6.Одред) под името „Волци“. Во 1998 година поставена е првата тимска формација на единицата и преименување на единицата во Единица за специјални намени. Во 2001 година единицата стана дел од ЕБПТ, а по формирање на КСЕ, единицата влезе во нејзиниот состав како Одред. Во 2003 година единицата е преструктуирана во баталјон за Специјални Намени (бСН).
Формирањето на оваа единица, го одбележа процесот на професионализација на АРМ. Уште од формирањето на баталјонот за специјални намени па до денес, кандидатите за прием во оваа единица подлегнуваат на специфични критериуми на селекција, со кои се бара висок степен на психофизичка подготвеност, без оглед дали станува збор за старешини или за професионални војници.
Обука и вежби
- Учество на билатерална воена вежба во Р. Унгарија, 2011, 2012;
- Вежба „Јадрански орел 08“, 2008;
- Вежба „Македонски Блесок“, 2007;
- Почеток на соработката со земјите во А3 групата, 2006;
- Почеток на соработката со ВС на Р. Албанија и Р. Грција, 2004;
- Почеток на соработката со ВС на Швајцарија, 2000;
- Прв селективен курс за прием во единицата, 2000;
- Учество на првата меѓународна воена вежба на „Спасител 98“.
- Прва алпинистичка обука, 1997;
- Прва соработка со Р. Турција – командо обука, 1997;
- Прва нуркачка обука, 1996.
- Прва армиска падобранска обука, 1996;
- Прв подофицерски курс, 1996;
- Вежба со ВС на САД „Зима 96“ – Попова Шапка;
- Падобранска обука со Армијата на САД, 1995;
- Медицински курс со ВС на САД;
- Вежба „Балкански Волк“;
- Учество на меѓународна воена вежба Мостар 08 и 09 во Р. Турција.
Мисии надвор од Република Македонија
Баталјонот за Специјални Намени учествуваше со свој персонал во неколку мировни мисии во Ирак, Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина.
За учество во наведените мисии припадниците на контингентите беа наградени со голем број на пофалници, медали и други стимулативни мерки и одликувања.
Добиени одликувања
Во 2005 година со указ на Претседателот на Република Македонија баталјонот за Специјални Намени е одликуван со „ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ“ – прв доделен орден во Република Македонија.