Со доделување на сертификатите заврши борбениот медицински курс. Курсот се реализираше во касарната „Илинден“ во периодот од 29 до 31.08.2017 година. Овој курс се реализираше согласно планот за билатерална соработка со Соединетите Американски Држави.
Инструкторите од Армијата на САД со припадниците на полкот за Специјални Операции поминаа неколку теми како што се: медицинска поддршка на бојно поле, медицински преглед по повреда, пнеумоторакс и хематоторакс-згрижување, медевак известување, хипотермија итн. Темите беа реализирани низ теоретска настава и практична работа во теренски услови.
Ваквиот вид на специјалистичка обука ги унапредува знаењата и го зголемува искуството на припадниците на единицата.
Инструкторите од САД беа повеќе од задоволни од она што припадниците на единицата им го демонстрираа за време на курсот, особено од нивното знаење и залагање.