Синхронизираните акции и координиран настап кој го изведуваат специјалните единици на АРМ и МВР, со поддршка од воената полиција и пешадиските единици, како и институциите на кризниот менаџмент, ни даваат за право да констатираме дека имаме огромен потенцијал за ефективно справување на соодветен начин со кризни ситуации од секој облик.
Заедничката обука на единицата на специјални задачи ЕЗС „Тигар“ и армиските „Волци“ каде работат на уништување на терористичка ќелија во која учествува екипа од хеликоптерската единица при МВР. Единиците од Здружената оперативна команда работи воено асистирање заедно со припадниците од ренџерскиот баталјон додека припадниците на ДЗС подигаат бегалски камп.
На вежбата учествуваат околу 400 припадници од сите единици од кои 30 од ДЗС, двајца од ЦУК, 50 од МВР и 318 војници на АРМ.
Вежбата која започна на 8 ноември ќе трае до 13 ноември 2018 година, а приказ од изведените активности ќе биде организиран на денот за високи гости кој ќе се реализира на 22 ноември 2018 година.