Во рамки на одбележувањето на Денот на полкот за Специјални Операции, (23.02.2015 година), во касарната „Илинден“ се реализираше акција за доброволно дарување на крв.
Во оваа прилика, припадниците на полкот за специјални операции ја покажаа својата хуманост доброволно давајќи37 крвни единици. Оваа акција е реализирана во соработка со Црвен крст на Република Македонија.
Ваквите крводарителни акции во полкот се реализираат неколку пати во годината се со една цел – да се спаси човечки живот.