Денес 21.01.2019 година, девет припадници на полкот за Специјални Операции одговорија на побарувањето за помош од страна на одделението за Трансфузиологија при Градската Општа Болница „8ми Септември“. Веднаш и без одлагање припадниците на единицата доброволно даруваа крв се со една цел – да се спасат човечки животи.
Хуманоста на македонските специјалци честопати е докажувана за време на значајни датуми но и во моменти кога за тоа има итна и неодложна потреба. Припадниците на полкот и понатаму ќе бидат докажани професионалци на својата професија но и несебични хуманитарци кога за тоа ќе има потреба.