Денес 19.06.2017 година на падините на планината Ниџе во посета на обуката во базирање и исхрана во природа беше Асоцијацијата на одбранбени аташеи во Република Македонија.
Пред присутните аташеи припадниците на Ренџерскиот баталјон од составот на Полкот за специјални операции го презентираа начинот на изработка на импровизирани печки и огништа, прва помош при труење со билки и животни, како се употребува логорската опрема во полски услови, кои диви билки и габи може да се користат за јадење итн.
Ваквиот вид на специјалистичка обука редовно се реализира со припадниците на полкот со цел истите да се оспособат и извежбаат за работа и извршување на поставените задачи во секакви теренски услови притоа користејќи ги ресурсите на природата кои се на располагање.
Присутните гости беа повеќе од задоволни од она што припадниците на единицата им го демонстрираа за време на нивната посета.