Припадниците на ренџерскиот баталјон од составот на полкот за специјални операции (пСО) реализираа обука за методи, начини и употреба на применето физичко вежбање во секојдневните часови по физичко воспитување.
Обуката од ваков вид се применува по реализираната обука на инструкторите од пСО со инструктори по физичко од француските вооружени сили која се реализираше претходниот месец. Пренесувањео на знаењето од инструкторите на помладите припадници на единицата има за цел да припадниците за кратко време и со доста висок интензитет реализираат час по физичко воспитување користејќи средства кои им се на располагање во секојдневната воена средина како што се чекан, гума, брзо јаже, вреќи со песок, сандак од муниција итн.
Вежбите кои се работеа за време на обуката во периодот од 18.06 до 26.06.2018 година во касарната „Илинден“ кај припадниците на единицата придонесуваат за развивање на тимскиот и натпреварувачки дух, како и лидерските способности и интерпесоналната комуникација. Научените лекции од оваа обука во секој случај ќе допринесат за унапредување на повисока физичка спремност на припадниците на единицата.