Денес 20.09.2016 година во касарната „Илинден“ – Скопје се одржа свеченост по повод примопредавањето на должност командант на ренџерски баталјон.
На свеченоста присуствуваа командантите на единиците лоцирани во касарната „Илинден“. Во обраќањето пред присутните командантот на полкот за Специјални Операции полковникот Орце Јордев споменувајќи ги постигнатите успеси на единицата во изминатиот период го напомена значењето на ренџерскиот баталјон. Исто така изрази благодарност на досегашниот командант на баталјонот потполковникот Игор Арсовски за неговиот труд, ангажираност и посветеност во работата, а на новоназначениот командант потполковникот Војнески, честитајќи му ја должноста му посака успешно справување со предизвиците задачите на оваа единица.
На крајот од свеченоста на церемонијален начин се изврши примопредавање на военото знаме на баталјонот. Од страна на припадниците на баталјонот на досегашниот командант му беше врачена плакета.