Мисија:
Да изведува мисии на поддршка на внатрешната безбедност на Републиката и поддршка на надворешната и безбедносна политика на Републиката со изведување на специјални и специфични офанзивни операции во сите земјишни и временски услови.
Задачи:
1. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на директни акции;
2. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на длабинско извидување и набљудување;
3. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на операции за поддршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста и одбраната на Републиката;
4. Планирање, организирање, обучување и изведување на операции за поддршка на државните институции во услови на елементарни непогоди и несреќи на територијата на Републиката.
потполковник Ментор Саити
Дата и место на раѓање:
27.05.1980 година во Гостивар.
Воено образование:
- Воена Академија „Ген. Михаило Апостолски“ во Скопје, 1998-2002 година;
- Напреден маневарски курс за офицери, САД, 2011 година;
- Командно штабна академија, САД, 2013-2014 година.
- Магистерски студии, САД, 2013- 2014 година.
Курсеви:
- Курс за специјални единици,2004-2005 година;
- Курс за планинско војување , 2007 година;
- Курс за инструктори за скијање, 2012 година.
Воена кариера:
- Командир на вод во минофрлачка батерија во Тетово, 2002-2004 година;
- Командир на тим во Ренџерски баталјон, 2004-2007 година;
- Командир на тим за огнена поддршка во Ренџерски баталјон, 2007-2010 година;
- Офицер за операции во С-3 во Ренџерски баталјон, 2010-2013 година;
- Командир на чета во Ренџерски баталјон, 2014-2016 година;
- Офицер за огнена поддршка во С-3 КпСО, 2016-2019 година;
- Командант на Ренџерски баталјон 2019.
Унапредувања:
- Потпоручник 2002 година;
- Поручник 2004;
- Капетан 2007 година;
- Мајор 2011 година;
- Потполковник 2017 година.
Мисии и вежби:
- НАТО оценувања 1и 2 со чДН;
- НАТО оценувања 1 и 2 со 1Рч;
- Балкан ЕХ, Турција, 2012 година;
- Македонски Блесок 11;
- „Одлучна поддршка“ во Авганистан, 2016-20017 година;
- “Combined Resolve 10“ во Германија, 2018 година.
Постигнати успеси во кариера:
- 10 дена наградно отсуство од НГШ, 2007 година;
- Пофалница од МО, 2010 година;
- Наградно отсуство од Командант на пСО, 2011 година;
- Наградно отсуство од НГШ, 2012 година;
- Бронзена значка на Армијата, 2016 година;
- НАТО медал, Авганистан, 2017 година;
- Бронзена значка на Армијата, 2019 година;
- Сребрена значка на Армијата, 2019 година.
Странски јазици:
- Англиски;
- Турски (делумно);
- Германски (делумно).
Семеен статус:
Оженет, татко на две ќерки.
Хоби:
- Параглајдерство;
- Скијање;
- Сноубординг;
- Музика, гитарист, клавијатурист.
Ренџерскиот баталјон е формиран во 2004 година. Во неговиот состав влегоа припадници од Извидувачкиот баталјон и Падобранскиот одред а во наредниот период и од останатите единици во АРМ.
Ренџерскиот баталјон располага со респектабилно искуство и се значајни репрезенти на АРМ која се наоѓа во постојан процес на подготовки и обука за успешно извршување на својата мисија.
Единицата помина интензивен развоен пат од 2004 година до денес и вложи максимални напори за зголемување на оперативната способност и е секогаш подготвена да се справи со сите поставени предизвици кои ги носи новото време.
Како резултат на својата оспосбеност и интероперабилноста со единиците на НАТО, четата за Длабинско Набљудување во состав на Ренџерскиот баталјон во период од 2007 до 2010 година успешно ги заврши Самооценувањето Ниво 1, НАТО оценување Ниво 1 – CREVAL и Самооценувањето Ниво 2 – ТАCEVAL .
Единицата е пополнета со професионален персонал едуциран и оспособуван согласно програмите и стандардите на НАТО. Станува збор за млади, психофизички добро подготвени и мотивирани професионалци кои се борбеното оспособени за изрвшување на операции во најразлични услови.
Обука
Обуката на Ренџерскиот баталјон пред се е насочена кон извежбување на постапките на инфилтрација и ексфилтрација по земјен, воден и воздушен пат, постапки при воспоставување на систем за набљудување и собирање на оперативни и стратегиски разузнавачки податоци, при пронаоѓање, идентификување, класифицирање и лоцирање на цели за напад со воздухоплов или артилерија, за борбена проценка на цели, за прикриено набљудување и офанзивни операции зад непријателски линии, откривање на напријателски артилериски оган, обезбедување на соодветно ниво на заштита на силите, оспособување за самостојно извршување на операции до 5 дена како и многи други активности.
Мисии надвор од Република Македонија
Ренџерскиот баталјон учествуваше со свој персонал во неколку мировни мисии во Ирак од 2004 до 2009 и Авганистан 2010.
За учество во наведените мисии припадниците на контингентите беа наградени со голем број на пофалници, медали и други стимулативни мерки и одликувања.
Добиени одликувања
Во 2011 година од страна на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на вооружените сили, Ренџерскиот баталјонот е одликуван со Орден за воени заслуги заради успешни извршувања на сите поставени задачи и предизвици.