Припадник на полкот за специјални операции, од баталјонот за специјални намени, на исклучително тешкиот квалификациски курс за припадници на специјални единици – „Зелени Беретки“ успеа да освои две први места.
На десетомесечниот курс кој се реализираше во Соединетите Американски Држави, помеѓу 250 учесници од седум странски држави и земјата домаќин, нашиот припадник беше прогласен за учесник со најдобри резултати и највисока физичка спремност во текот на целиот курс, воедно беше прогласен за најдобар интернационален учесник на курсот. Имајќи во предвид дека станува збор за елиминационен курс, каде не сите учесници го завршуваат курсот, успехот на припадникот на баталјонот за специјални намени има уште поголема тежина.
Овој и претходните постигнати резултати даваат уште една потврда за највисоката спремност и посветеност кон професијата и државата на секој еден припадник на полкот.
ЗБ