Волците и Ренџерите заедно со Тигрите и ЕБР, поддржани од Дирекцијата за Заштита и Спасување, Центарот за Управување со Кризи и единици од Здружената Оперативна Команда ја започнаа вежбата „Есенска бура“.
Оперативната Команда за Специјални Операции на вежбата ја започна првата интерагенциската, интеринституционалната и интерармиската вежба.
Цел на вежбата е унапредување на интероперабилноста и кризниот менаџмент како одговор на модерните закани. Воедно со вежбата се врши тестирање на борбената готовност на единицата, подготвеноста за експедициски мисии и кризен менаџмент.
Покрај единицата на земја во оваа свое учество земаат и дел од воздухопловната бригада на АРМ и МВР.
ЗБ