Денес 29.07.2016 година во касарната „Илинден“ официјално заврши квалификациската обука за специјални единици.
Во изминатите шест месеци кандидатите поминаа интензивни физички, интелектуални и психички препреки. Само најупорните, најспособните и најмотивираните успешно ја завршија обуката и станаа дел од полкот за Специјални Операции. Квалификациската обука се реализираше на повеќе локации низ Република Македонија со цел успешно реализирање на планираните теми. Завршетокот на обуката беше крунисан со свечено доделување на обележјата на единицата, беретка и амблемот.
Обележјата им ги доделија Командантите на баталјоните кои напоменаа дека новопримените кандидати не стануваат само нови припадници на елитна единица туку нови припадници на едно семејство кое дише, живее и работи како еден.