Делегација на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од бригаден генерал Дејан Чиплаковски , учествуваше на свеченоста по повод 76-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и прославата на патрониот празник – Денот на светите Кирил и Методиј, 24 мај, во Скопје.
Делегацијата, положи венец со свежо цвеќе на споменикот на Светите Кирил и Методиј , пред платото на Универзитетот.
На свеченото одбележување се обрати ректорката на Универзитетот проф. др-р Биљана Ангелова и претседателот на Универзитетското студентско собрание Александар Николовски.