Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, оствари средба со досегашното одбранбеното аташе, полковник Стефано Анџони и новозначеното одбранбеното аташе на Италија во Република Северна Македонија, полковник Кристијан Маргерити.
На денешната средба во Генералштабот, генералот Лафчиски му се заблагодари на досегашното одбранбено аташе, полковник Стефано Анџони за неговата соработка и придонес во развивањето на воената соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Италија, а на новоназначеното одбранбено аташе, полковник Кристијан Маргерити, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност му посака срдечно добредојде и изрази уверување за продолжување и интензивирање на взаемната соработка.