Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес оствари проштална средба со военото аташе на Република Бугарија акредитиран во Република Северна Македонија, потполковник Пламен Николов.
Генералот Ѓурчиновски се заблагодари на потполковник Николов за досегашниот негов ангажман, при што го истакна неговиот ангажман во јакнењето на билатералната соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Република Бугарија.
Билатералната соработка во полето на одбраната во најголем дел се состои во изведување на заеднички вежбовни активности, соработка во обука на специјалните сили како и во военото образование.