Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски оствари протоколарна средба со новоназначеното резидентно одбранбено аташе на Република Србија акредитирано во Република Северна Македонија, полковник Небојша Ѓорѓевиќ.
Во рамки на средбата, генералот Ѓурчиновски упати честитки до полковникот Ѓорѓевиќ, посакувајќи му успех во извршувањето на оваа должност и продолжување на соработката помеѓу двете армии, која пред сѐ се реализира во доменот на изведување на обука, вежби и користење на капацитетите за обука.
На средбата, на која присуствуваше и досегашното одбранбено аташе, потполковник Вујица Вукобратов, кој оваа должност ја извршуваше изминатите три години, генералот Ѓурчиновски му се заблагодари за досегашниот ангажман и залагање за развивањето на билатералната соработка.