По повод навршување на дваесет и две години од трагичното загинување на десетте припадници на Армијата кај месноста „Карпалак“, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска со полагање на венец свежо цвеќе им одаде достојна почит.
Делегации од Армијата и министерството за одбрана одадоа почит на загинатите припадници на Армијата и пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, како и на спомен обележјето во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Во нападот на конвојот на армиските сили на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак на 8ми Август 2001 година, животот го загубија Марко Деспотоски, Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, од резервниот состав на Армијата, од гарнизонот Прилеп.