По повод одбележувањето на 22-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски, делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во Алејата на великаните, оддавајќи почит на неговиот лик и дело.
Претседателот Трајковски го загуби животот на 26 февруари 2004 година во авионска несреќа во близина на Мостар, заедно со членови од неговиот кабинет.








