Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес, оствари средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, кој се наоѓа во работна посета на Република Северна Македонија.
На средбата, на која присуствуваше и државниот секретар на Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, се разговараше за досегашната соработка изразена преку голем број активности со заедничко учество во мировни операции, голем број заеднички вежби, обука и едукација на припадниците на двете армии.
Генералите Лафчиски и Најт, истакнувајќи ги придобивките од тридецениското партнерство, кое беше оценето како исклучително добро и корисно, изразија заемна заложба да продолжи да се интензивира во наредниот период.
Генералот Најт во текот на вчерашниот ден присуствуваше на Денот за виски гости реализиран во рамки на вежбата „Immediate Respose 25”, која се изведува на АП „Криволак“.