Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес оствари средба со нерезидентното одбранбено аташе на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, полковник Даг-Магне Лунде.
На средбата беше поздравена досегашната одлична билатерална соработка и се разговараше за продлабочување на понатамошната соработка, особено во доменот на обуката.
Во досегашниот период поддршката од Кралството Норвешка се реализираше на повеќе начини, меѓу кои позначајни се донациите на материјални средства кои значително влијаат во подобрување на армиските капацитети.