Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари проштална средба со досегашното одбранбено аташе на Република Хрватска во Република Северна Македонија, полковник Стјепан Домјанчиќ.
На денешната средба, од страна на генералот Лафчиски беше искажана благодарност за досегашниот ангажман на полковник Стјепан Домјанчиќ, кој беше и доајен на Асоцијацијата на одбранбени аташеи, за залагањето за унапредување на билатералната соработка за време на неговиот мандат.
Беше искажано уверување дека континуираната соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Република Хрватска ќе продолжи да се развива и унапредува и во иднина.