Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со резидентното одбранбено аташе на Украина акредитирано во Република Северна Македонија, полковник Серхи Катсуба.
На денешната средба во Генералштабот, полковникот Катсуба упати честитки до началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски за поставувањето на новата должност и благодарност на севкупната досегашна поддршка за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.