Во текот на денешниот ден началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, оствари протоколарна средба со одбранбеното аташе на Обединетото Кралство, потполковник Џон Едвард Грин.
Во рамки на денешната средба се разговараше за продолжување на континуираната соработка во доменот на одбраната помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Обединетото Кралство која се реализира преку заеднички вежбовни активности, поддршка за развој на капацитетите, а особено во полето на стручното усовршување на припадниците на Армијата на високите воени школи во Обединетото Кралство.