Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, оствари средба со новоназначеното одбранбено аташе на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, потполковник Даг Лунде.
На денешната средба, генералот Ѓурчиновски изрази уверување за продолжување и унапредување на билатералната соработка во доменот на одбраната за време на мандатот на потполковникот Даг Лунде, како и благодарност за досегашниот ангажман и залагање на потполковник Егил Далтвеит, кој досега ја извршување оваа должност.