Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, денес оствари средба со нерезидентното одбранбено аташе на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, полковник Даг-Магне Лунде.
На средбата беше поздравена досегашната континуирано добра билатерална соработка која посебно е изразена во образованието и обуката, од доменот на воено-медицинската соработка, курсеви и обука од доменот за односи со јавноста. Воедно на денешната средба се разговараше и за тековните и идни форми на соработка.