Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето во касарната „Илинден“ се одбележаа деветнаесет години од трагичното загинување на припадниците на Армијата, од составот на баталјонот за Специјални намени, во реонот на село Вејце.
Почит на загинатите: Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски и Игор Костевски, на спомен обележјето пред баталјонот за Специјални намени, покрај началникот на Генералштабот генерал- потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, оддадоа и делегации од баталјонот за Специјални намени и останатите команди и единици на Армијата.
Во помен на загинатите бранители се положија свежи цвеќиња и им се оддаде почит и на градските гробишта во Бутел, село Бунарџик, Куманово и Македонска Каменица.