Во организација на припадниците на Ренџерскиот баталјон (Рб), во период од 15 до 18 ноември, традиционално се реализираа седмите по ред ренџерски игри.
Оваа година ренџерските игри по втор пат беа од отворен тип, а за прв пат учество земаа и женски тимови. Покрај машкиот и женскиот тим на Ренџерскиот баталјон учествуваа и припадници од Баталјонот на Воена полиција, Центарот за обука на питомци, 1.пешадиска бригада (1.пбр) со машки и женски тим.
Екипите се натпреваруваа во повеќе дисциплини, како ползење и носење ранет, фрлање рачна одбранбена бомба, гаѓање со пиштол, ориентација и полигон на издржливост.
Помеѓу учесниците преовладуваше пред се спортскиот и натпреварувачки дух, а сето тоа беше проследено со несебична поддршка од припадниците на Ренџерскиот баталјон и останатите гости.
По завршување на „Ренџерските игри 2021“ беа прогласени најдобрите тимови и поединци во машка и женска категорија.
Екипно, прворангиран машки тим на овие игри е Рб, а од женскиот тим првото место го освоија припадничките од 1.пбр. Поединечно во машка конкуренција првото место го освои професионалниот војник (пфв) Александар Златаров од 1.пбр, а од женскиот тим, пфв Соња Михалчева од Рб.
Д/К М/С