Како една од позначајните активности во рамки на планираната билатерална воена соработка со вооружените сили на Република Грција за 2020 година, триесет припадници од баталјонот за специјални сили реализираа заедничка обука во падобранство со своите колеги од специјалните сили на грчката армија.
Обуката во „Центарот за падобранска обука“ на грчките вооружени сили во период од 23.08.2020 до 11.09.2020 година е реализирана согласно НАТО стандардите и процедури во два дела: Земска обука и скокови од воздухоплови. Теоретската и практична обука на земја е реализирана во првите две седмици, додека скоковите од воздухопловите се реализирани во третата седмица. Припадниците од баталјонот за специјални сили кои имаа предупатна психофизичка и епидемиолошка подготовка согласно протоколите за заштита од КОВИД-19 и успешно се справија со сите предизвици и со успех ја завршија оваа обука која спаѓа меѓу најнапорните и ризични обуки за специјалните сили.
Билатералната воена соработка во областа на специјалните сили е да продолжи и во понатамошниот период за што се веќе одредени и припадници со кои е започната соодветна психофизичка и медицинска подготовка.