На 12 мај (четврток), со почеток во 10.00 часот на армискиот полигон „Криволак“, ќе се реализира Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Swift Response 22“ каде ќе се презентираат воздухопловни десантни операции проследени со падобрански скокови, хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Црна Гора, Грција, Албанија и Република Северна Македонија.
На денот за високи гости ќе присуствуваат: претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на армијата, Стево Пендаровски, претседателот на собранието, Талат Џафери, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на генералштабот,генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници од Собранието, амбасадорите на САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Албанија и Црна Гора, заменик на командантот на армијата на САД за Европа и Африка, генерал-мајор, Петер Ендрусјак, генералите во Армијата на Република Северна Македонија, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на земјите учеснички на вежбата и НАТО, одбранбени аташеи акредитирани во земјава и други гости.
Во рамки на Денот за високи гости ќе се обратат министерката Славјанка Петровска, заменик на командантот на армијата на САД за Европа и Африка, генерал-мајор, Петер Ендрусиак и командантот на борбениот тим на 16 воздухопловна бригада на Обединетото Кралство, бригадир Николас Коули.