Припадниците на декларираната ренџерска чета од Полкот за Специјални Операции на Армискиот полигон „Криволак“ се подготвуваат за НАТО оценувањето НИВО-1, кое ќе се изврши во текот на оваа недела во рамки на вежбата „Македонски Блесок-12“.
Оценувањето ќе се врши од страна на овластени НАТО оценувачи според НАТО стандардите на оценување на борбената способност „CREVAL“. За таа цел припадниците на АРМ во последните подготовки пред оценувањето ги покажуваат сите свои стекнати вештини и способности.