Во период од 7 до 17.07.2020 година, во Домот на Армијата во Скопје, со придржување на сите мерки и препораки кои се применуваат во справување со вирусот КОВИД-19, преку видео телеконференциска врска се реализира главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Defender Europe 21“, во чии рамки е и вежбата „Одлучен удар 21“ (ОУ21). На конференцијата учествуваше персонал од тимот за планирање на вежбата, претставник од ГШ на Армијата, како и од канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
„Defender Europe 21“ е серијал на вежби предводена од Армијата на САД во Европа и тоа вежбите: Swift Responce 21 (SR21), „Immediate Reponce 21“ (IR21), „Saber Guardian 21“ (SG21) и „Defender 21 Command Post Exercise“ (D21 CPX). Армијата активно ќе учествува на 2 вежби од DЕ21 и тоа „Immediate Reponce 21“ и „Saber Guardian 21“.
Цел на конференцијата е да се продолжи со планирање и координација на активностите во поддршка на подготовка и реализација на вежбата „Defender Europe 21“ и синхронизација на сите учесници на вежбата вклучени во планирањето и обезбедувањето на ресурси за непречена реализација на вежбата „Defender Europe 21“.
Согласно промените кои настанаа по Иницијалната планирачка конференција за „Defender Europe 21“, Националната гарда на Пенсилванија нема да учествува на вежбата „Одлучен удар 21“. Потврдено е учество на вежбата на единици од Националните гарди на Флорида и Колорадо со кои е остварена видео конференциска врска.
На ГПК беа ревидирани следните документи: временска рамка на вежбата и распоредот/датумите за планирачките конференции и предвидените работилници, цел на обуката, планови за врски, план за високи гости и покривање на церемониите за отворање и затворање на вежбите, договори за поддршка на вежбата со претставници од земјите домаќини, планот за медиумско покривање на важните настани), дефинирање на реалната логистичка поддршка како и развивање на план за заштита на силите.
Со реализацијата на овие активности ќе се дефинираат сите неопходни документи за непречено реализирање на најголемата вежба за 2021 година во Република Северна Македонија.
ЧС/БН