Во период од 26.2. до 2.3.2018 година, во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште се реализираше Иницијалната планирачка конференција (ИПК) за вежбата „Македонски Блесок – 14“. Планирањето на вежбата се реализираше врз основа на Планот за оценување на декларираните единици по Концептот за оперативни способности и Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-003.
За време на отворањето на иницијалната планирачка конференција кодиректорот на вежбата потполковник Јонче Лазаревски во своето обраќање ги поздрави учесниците на работилницата, даде насоки и им посака успешна работа. Воедно ги искажа целите на ИПК и тоа примарните и секундарните цели и беа изработени потребните документи за развој на третиот модул од сценариото.
Во продолжение на конференцијата се реализираа следните активности:
- Изработка на стратегиски документи кои ќе бидат водилка за следната работилница (Концепт на операции);
- Изработка на документи од дел 3 од планот на вежбата (оценувачки тим);
- Првична идентификација на Листите на Главни настани;
- Дополна на податоци во документите од планот на вежбата;
- Идентификација на задачите и одредување на рокови за примарните и секундарните единици за обука.
Во склоп на конференцијата беше реализирана обиколка од страна на полковник Блаже Николовски, а во име на командантот на Здружена Оперативната Команда (ЗОК), при што беа пренесени насоките од Командантот.
Планирачкиот процес продолжува на крајот на месец март со работилница за концептот на операции која ќе се одржи во периодот од 26-30 март 2018 година.