На ден 2 јуни 2023 година во Центарот за обука „Пепелиште“ со свечен строј беше затворена мултинационалната воена вежба „Брз Одговор 23“.
Пред стројот на учесниците на вежбата се Офицерот со примарна одговорност на вежбата, потполковник Јонче Лазаревски кој истакна дека е задоволен од залагањето на сите учесници на вежбата, од негова страна им беше одадено признание на учесниците на вежбата за вложениот труд, напор и ентузијазам и вежбата официјално беше прогласена за затворена. Вежбата во потполност ја постигна својата цел за зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу земјите учеснички на вежбата.
На вежбата „Брз одговор“ која е организирана од страна на нашата Армија учествуваа и околу 1800 припадници од Армиите на САД, Република Албанија, Република Црна Гора и безбедносните сили на Косово.