Припадници од воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија и воениот оркестар од Вермонт, САД, денес како дел од предвидените активности во пресрет на вежбата „Immediate Response 25“ реализираа заедничка проба и свирење со учениците од Државен музички училиштен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ Штип.
Посетителите имаа можност да проследат повеќе популарни џез нумери и македонски фолк мелодии со кои се претстави сојузништвото и се испратија пораки на пријателство и мир.
Воените оркестри на двете сојузнички Армии, како дел од Армиската соработка, веќе традиционално пред почетокот на поголемите вежбовни активности одржуваат заеднички концерти.
ЏР/ЧС