Мисија:
- Воздушно набљудување и јавување на заинтересираните корисници за ситуацијата во воздушниот простор;
- Навремено откривање и следење на непријателските средства за напад од воздушниот простор;
- Известување на вооружените сили за целите во воздушниот простор;
- Радарско обезбедување на борбените дејства на единиците за ПВО.
Задачи:
- Непрекинато набљудување на воздушниот простор на сите височини;
- Откривање на цели на максимални далечини а според можностите на опремата;
- Следење на откриените цели и сопствената авијација;
- Собирање, обработка и прикажување на податоците за ситуацијата во воздушниот простор на Републиката во цВНЈ.
Потполковник Ќемал Џафери
Потполковник Ќемал Џафери е роден на 15.10.1983 во Гостивар. Основно и средно образование ги завршува во Гостивар. Своето образование го продолжува во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. По четири годишно школување е произведен во првиот офицерски чин потпоручник од родот Авијација.
Во досегашната кариера има извршувано повеќе командни и штабни должности. Од 04.03.2022 година е поставен за Командант на Баталјонот за Воздушно набљудување и јавување. Има завршено повеќе курсеви во странство и во земјата од доменот на управување со воздушниот простор, MASE REMOTE CONSOLE (MASE) и Процесни функци на одделот за следење во оперативен центар за воздушно набљудување во Р. Хрватска, Курс за планирање на вежби – Организирано од DMTC (Канада) во Подгорица – Црна Гора, ОН – Курс за воени набљудувачи на ОН во Хамелбург, СР Германија и други курсеви. Во 2018 го надградува своето воено образование со завршувањето на Специјализација за Командни и Штабни должности во Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. Во својата досегашна кариера бил дел од мировната мисија „Алтеа“ ЕУФОР во Босна и Херцеговина во период од 2013/2014 една ротација. Во својата досегашна кариера повеќе пати бил награден и пофален од МО и НГШ за остварените резултати и придонесот во изградбата и развојот на Армијата. Има добиено НАТО медал за учество во мировната мисија „Алтеа“ ЕУФОР во Босна и Херцеговина. Втор циклус студии ги завршува во 2018 година на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Технички Факултет – Воздушен сообраќај и транспорт – Битола и се здобива со титула Магистер по воздушен сообраќај и транспорт. Го познава и го користи англискиот јазик, хоби му е Џудото. Оженет е и татко на две деца.
Претходни должности:
- Од 2006 година, Пилот слушател во втор летачки флајт во Транспортен хеликоптерски сквадрон во ВИНГ, во чин потпоручник;
- Од 2009 година, Офицер за цивилно-воена соработка и мобилизација во секцијата А-5 во командата на ВИНГ, во чин поручник;
- Од 2011 година, Началник на С-4 секција, Офицер за логистика во Баталјонот за воздушно набљудување и јавување, во чин капетан;
- Од 2013 година, Командир на Центарот за Командување и Контрола во Баталјонот за воздушно набљудување и јавување, во чин капетан;
- Од 2017 година, Началник на секцијата С-3/5/7 во баталјонот за воздушно набљудување и јавување, во чин мајор;
- Од 2019 година, Началник на штаб воедно и Заменик Командант на бВНЈ, во чин мајор;
- Од 04.03.2022, Командант на бВНЈ, во чин мајор.
Унапредувања:
- Потпоручник 2006-2008;
- Поручник 2008-2011;
- Капетан 2011-2016;
- Мајор 2016.
Темелите на Македонското воено воздухопловство се поставени на 6-ти април 1992 година, кога Македонскиот претседател Киро Глигоров ја потпиша одлуката број 60 за формирање на Команда на Воено воздухопловство и противвоздушна одбрана (ВВ и ПВО).
Првиот работен ден со нова организациско-формациска структура на п.ВНЈИН (полк за воздушно набљудување, јавување и наведување) беше на 10-ти април 1992 година во касарната „Н.Х.С. Пинџур“.
На 1-ви март 1994 година пристигна и првиот регрут-војник во пВНЈИН, Јонче Јангеловски.
Во текот на 1995 година вредно е да се каже дека единицата е опремена со набљудувачки радар „NAR M-61“ од југословенско потекло, преземен од аеродромот во Охрид, како и инсталирање и опремување на првиот оперативен центар на ВВ и ПВО и пуштање во работа на набљудувачкиот радар.
Во текот на 1998 година извршено е поврзување со воениот и цивилниот сегмент т.т. обезбедено е добивање на податоци од Контрола на Летање „Петровец“.
Во текот на 2001 и 2002 година е извршена промена на формациската структура на единицата од полк на ниво баталјон. Во истиот период единицата е опремена со донација од француската морнарица, и тоа со два радари „DRVN 2C“ произведени во 1958 година. Во исто време поставена е радарска позиција „Велигден“ во Битола.
На 1-ви март 2006 година единицата беше трансформирана од бВНЈ во Оперативен Центар за Воздушно Набљудување (ОЦВН) и беше директно под ГШ на АРМ.
Од поновата историја вредно е да се напомене дека единицата влезе во процес на модернизација на целокупниот систем за работа. За таа цел Министерството за Одбрана, ГШ на АРМ и стручни лица од единицата формираа Интегриран Проектен Тим за реализација на проектот за Национален центар за воздушно набљудување и командување.
Во завршна фаза е изградбата на новиот оперативен центар за ВНЈ според сите стандарди на НАТО. Во тој Центар ќе се инсталира опрема од каде ќе се водат сите воздухопловни операции на национално ниво.
Во однос на регионалната соработка, единицата учествува во АСДЕ (Air Situation Data Exchange) програмата. Со АСДЕ програмата предвидена е размена на радарска слика со податоци за ситуацијата во воздушниот простор помеѓу Р. Македонија и НАТО (односно соседна земја која е членка на НАТО, во случајов Р. Грција).