Во рамките на програмата за одбележување на 18 Август – Денот на АРМ, утре 16-ти август 2013 година, плоштадот ,,Македонија“ во Скопје со почеток во 19.00 часот ќе се организира концерт на Воениот оркестар.
На концертот покрај Воениот оркестар ќе настапат и естрадните уметници Драган Мијалковски, Есма Реџепова Теодосиевска, Мустафа Имери и Блага Петреска. Програмата ќе биде збогатена и со настапот на фолклорната група на Детскиот културен центар ,,Карпош“ од Скопје, а свој настап ќе имаат и припадниците на баталјонот за почести на АРМ, кои ќе ја изведат точката ,,ЕГЗИРЦИР“ со која ќе ги демонстрираат нивните вештини и строева извежбаност во работа со пушка.
На крајот, програмата е предвидено да заврши со настап на DJ Никифор. Се покануваат граѓани и љубители на музиката од сите возрасти, утре на плоштадот ,,Македонија“ во Скопје со почеток во 19.00 часот, да ни се придружат на прославата на 21-от роденден на АРМ и да се дружат со припадниците на АРМ. Воедно, се покануваат претставниците на медиумите да присуствуваат и да известуваат за настанот.