Во рамките на тридневната официјална посета на АРМ, висока воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, денес беше пречекана во Генералштабот (ГШ) на АРМ, од страна на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.
За време на престојот во ГШ на АРМ генералот Креј беше примен од Министерот за одбрана д-р Зоран Јолевски, на која присуствуваше и амбасадорот на САД во Република Македонија Н.Е. Пол Волерс.
На разговорите во ГШ на АРМ пред гостите од НГ на Вермонт од страна на ГШ на АРМ беа презентирани искуствата од научените лекции во мисиите предводени од НАТО, ЕУ и ООН, како и учеството на АРМ во новата мисија на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“, а беа разгледани и можностите за јакнењето на понатамошната соработка со НГ на Вермонт.
Во изјавата за медиумите, генералот Котески ја истакна одличната соработка на АРМ со НГ на Вермонт, укажувајќи посебно на: заедничкото учество во мировни операции, реализацијата на голем број заеднички вежби, обуки и едукација на припадниците на двете армии. НГШ на АРМ ја нагласи намерата за понатамошна соработка со НГ на Вермонт во сите области, при што посебно потенцираше на иницијативата за реализација на заедничка конференција со учество на армиите од земјите во регионот и националните гарди од сојузните држави во САД како нивни партнери за разгледување на можностите за формирање на сили за справување со природни непогоди, како и обука на медицински персонал. Генералот Котески соработката помеѓу НГ на Вермонт и АРМ, ја посочи како пример и поттик за соработката на Република Македонија и сојузната држава Вермонт во повеќе области.
Генералот Креј заблагодарувајќи се на гостопримството, истакна дека е горд на соработката со АРМ и дека пријателството кое изминатите години е изградено, значи и партнерство. Тој истакна дека бројните активности помеѓу двете армии во изминатите години, го прават навистина силно партнерството помеѓу нив, нарекувајќи ги припадниците на двете армии „браќа и сестри по оружје“. Генералот Креј додаде дека вредностите за кои тој се залага во НГ на Вермонт се интегритет, служба и извонредност, ги споделуваат припадниците на двете армии.
По изјавите, се одржа церемонија на која од од страна на НГШ на АРМ му беше доделена плакета на АРМ на полковник Дан Пајпс од НГ на Вермонт, а од страна на командантот на НГ на Вермонт на полковникот Зоран Секуловски му беше доделен медал за заслуга.
За време на престојот, генералот Креј ќе ги ппосети: Воено-медицинскиот центар на АРМ, Центарот за обука на пилоти и воздухопловната бригада.