Денес, 16-ти декември 2014 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со полковник Сорин Раду, Одбранбено аташе на Република Романија во Република Македонија.
Должноста одбранбено аташе во Република Македонија, полковник Сорин Раду ја извршува од Софија, Република Бугарија.
На средбата, генералот Котески ја истакна добрата билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Романија, а во насока на интензивирање на соработката помеѓу двете армии, беа разгледани можностите за реализација на повеќе активности од различни полиња.