Денес, 27-ти декември (сабота), во организација на припадниците на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ и Синдикатот на вработените во Министерството за одбрана, на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа церемонија за поделба на новогодишни пакетчиња на децата од загинатите и починати припадници на вбр, како и на вработените од оваа единица и команди и единици на АРМ и МО.
На доделувањето на пакетчињата присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.
На оваа традиционална церемонија присутвуваа над 400 деца на вработените во МО и АРМ кои имаа единствена можност да го проследат симболичното пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер, после што во просториите на вбр им беа доделени новогодишните пакетчиња. Оваа манифестација традиционално се одржува во пресрет на новогодишните и божиќните празници, а заради атрактивноста и годинава побуди огромен интерес кај најмладите.