Во Здружената оперативна команда (ЗОК) и потчинетите команди единици: 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), воздухопловната бригада (вбр), бригадата за логистичка поддршка (брЛП) и Командата на Резервни сили (КРС), во изминатите два дена престојуваше инспекциски тим во врска со специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“.
Инспекцискиот тим беше претставен од четири претставници од Вооружените Сили на Р. Унгарија, Р. Австрија и Р. Португалија, придружуван од екипа од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за одбрана на Република Македонија.
Инспекцискиот тим по престојот во командата на ЗОК ги обиколи КРС во гарнизонот Куманово и командите на 1.мпбр и вбр во гарнизонот Петровец. Наредниот ден се реализира обиколка на брЛП во гарнизонот Скопје.
Од страна на клучниот персонал во ЗОК и командите на првопотчинетите единици, инспекцискиот тим е запознаен со историјата на единиците, мисијата, организациско формациската структура, пополнетост со персонал и опрема и останати активности кои се однесуваат на одредбите од Виенскиот документ 2011 година.